Поврзете се со нас

Свет

Меси за престојот во ПСЖ: Две години во кои не уживав во фудбалот

Објавено

на

foto:x.com/InterMiamiCF

Лионел Меси одигра две сезони во дресот на ПСЖ, а во најновото интервју потенцирал дека не уживал во фудбалот додека бил член на францускиот прволигаш.

Аргентинецот имаше проблем со продолжувањето на договорот со Барселона и реши да ја прифати понудата на ПСЖ во 2021 година, но сега не зборува позитивно за тој потег како играч на Интер Мајами.

– Доаѓањето во Интер Мајами беше одлична можност, посебно поради она што се случуваше последните години додека бев во Париз, клуб за кој потпишав бидејќи морав да ја напуштам Барселона.

– Тоа беа две години во кои не уживав, – рекол Аргентинецот.

– Не бев задоволен на дневна основа. Со тренинзите, на натпреварите, тешко ми беше да се адаптирам. Почувствував дека треба да дојдам во Интер Мајами, бидејќи се работи за клуб кој расте и напредува брзо во само неколку години од формирањето, – рекол Меси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни