Поврзете се со нас

Свет

Меси за најтешкиот освоен трофеј во кариерата: Беше спектакуларно да видам како уживаат во тоа

Објавено

на

Поранешниот капитен на Барселона и сегашен член на Пари Сен Жермен, Лионел Меси го издвои трофејот кој има најголемо значање за него во досегашната кариера.

Одличниот напаѓач низ досегашното патување има освоено голем број на пехари, златен медал на ОИ, но триумфот кој со Аргентина го оствари ова лето на Копа Америка е специјален момент, најтешката титула која успеал да ја грабне во неговите раце.

-Се што освоив беше важно и убаво, но ова беше најтешкото бидејќи поминав низ многу работи. Беше удар по удар. Конечно имав среќен одмор од првиот до последниот ден. Претходно бев огорчен и сега беше поинаку од почеток до крај. Моите деца постојано пеат аргентински песни, се сеќаваат на финалето против Бразил и за мене е спектакуларно да се види како уживаат во тоа.

-Имам душевен мир што го постигнав сонот кој не можев да го остварам толку пати. Беше како сон, спектакуларен момент. Не можев да поверувам дека се случило. Уживам да ги гледам сликите сега повеќе отколку во тоа време додека бев во зашеметеност. Не бев свесен што се случува, -вели искрениот Меси за кого ова беше прво славје со Аргентина по неколку загубени финалиња.

Лео проговори и за тие неуспеси и тешките критики од луѓето.

-Дел од медиумите не третираа како неуспешни, велејќи дека не ја чувствуваме [одговорноста] да го носиме дресот, дека не треба да бидеме во националниот тим. Се обидувавме да бидеме шампиони порано, ние бевме првите што сакавме. Многу е тешко да се освои Светско првенство или Копа Америка. Во тоа време тие не го ценеа она што го направивме, туку само го нагласија фактот дека не ја постигнавме целта. Важно е да се чувствувате задоволни од тоа што го давата … за среќа, последното [финале] беше поинакво, -порача Лео за ЕСПН.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни