Поврзете се со нас

Шпанија

Меси за можното засилување за Барселона: Лаутаро е импресивен и комплетен напаѓач

Објавено

на

Капитенот на Барселона, Лионел Меси даде свој коментар, оценка за неговиот сонародник Лаутаро Мартинез кој е потенцијално засилување за клубот од „Камп Ноу“.

Медиумите многу зборуваат на тема Лаутаро и Барселона, меѓутоа Меси не знае ништо конкретно истата, дали воопшто се водат преговори, ама дефинитивно исклучително го цени голгетерот на калчолигашот Интер.

-Да бидам искрен не знам дали се водат преговори, немам идеја. Мислам дека веќе споменав, Лаутаро е импресивен напаѓач, осовено затоа што е комплетен голгетер. Тој е силен, дрибла, дава голови, знае да ја заштити топката…Ама ќе видиме што ќе се случи со него и со останатите играчи, -порача Лионел за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни