Светски првенства
Меси за Мбапе: Сакам заедно да направиме големи работи во Париз, неговата партија во финалето…

Лионел Меси и Килијан Мбапе веќе втора сезона се соиграчи во редовите на Пари Сен Жермен, но во овој период имаа можност да бидат и на спротивни страни како што беше финалето на Светското првенство во Катар.
Меси ја предводеше Аргентина, додека Мбапе беше лидер на Франција, две селекции кои прередија вистински спектакл на завршниот меч на Мундијалот, меч на кој паднаа шест голови во 120 минути по што одлучи пенал серијата во која подобри беа „гаучосите“.
Ветеранот се потсети на овој натпревар и искрено порача дека е навистина лудо како Мбапе остана без трофејот на СП и покрај тоа што постигна три гола на истиот.
-Беше финале кое ви го одзема здивот, лудо е како мечот се одвиваше. Партијата на Мбапе беше одлична. Да се дадат три гола во финале и да не се биде шампион, тоа е навистина лудо.
-Ама претходно го освои, тој знае како е да се биде светски шампион. Но, тоа беше прекрасно финале за светот на фудбалот. И сега е убаво што можеме да играме за истиот тим и се надевам дека можеме да направиме големи работи во Париз, -порача Меси за Јутјуб каналот на ПСЖ.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)