Поврзете се со нас

Свет

Меси за конфликтот со Левандовски: Не смееше да каже такво нешто

Објавено

на

foto:twitter.com/Argentina

Лионел Меси во своето последно интервју открил дека се налутил поради една изјава на Роберт Левандовски и затоа се однесувал невообичаено студено кон полскиот репрезентативец на соочувањето на последното Светско првенство.

Меси влегуваше во дуели со Левандовски, а фановите ја запаметија и реакцијата на Аргентинецот кој не го прифати гестот за извинување по еден прекршок на полскиот напаѓач.

Ситуацијата била „инспирирана“ од периодот кога Роберт Левандовски не доби „Златна топка“ поради фактот што организаторите прескокнаа една година поради пандемијата, а Меси следната година изјави дека Полјакот го заслужил признанието. Сепак Меси не гласаше за Левандовски за признанието на ФИФА, а полскиот напаѓач изјави дека посакувал зборовите на Лео да бидат искрени, а не „празни“.

– Ми засметаа неговите зборови бидејќи јас тогаш кажав што мислам искрено.

– Тоа ме заболе и навистина бев лут, затоа го игнорирав и не пропуштав шанса да го издриблам. Не смееше да каже такво нешто, – објаснил Меси, кој подоцна сепак ги расчисти недоразбирањата со Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни