Поврзете се со нас

Шпанија

Меси во август ќе стави потпис на новиот договор со Барселона

Објавено

на

Шпанскиот великан Барселона прави се за да создаде услови за да ја продолжи соработката со најдобриот играч Лионел Меси.

Меси од овој месец е слободен фудбалер, но тој нема да ја промени средината и ќе остане на „Камп Ноу“. Многумина ја очекуваат официјалната потврда за тоа, но објава за договорот нема да има до крајот на овој месец.

Шпанските медиуми информираа дека некои детали треба да се средат, па дури во август Меси би требало да стави потпис на петходишен договор.

Во меѓувреме клубот ќе работи на продажба на играчите кои не се потребни, но и на намалување на платите на играчите од проста причина што тоа во моментов е потребно за да екипата функционира, ама и да може да се заокружи договорот со Меси како и да се регистрираат новите засилувања Ерик Гарсија, Емерсон Ројал, Мемфис Депај и Серхио Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни