Меси уште еднаш отворено зборуваше за конфликтот со Абидал: Не знам што му помина низ главата, за да…

Messi

Најдобриот играч на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси во ексклузивното интервју за „Мундо Депортиво“ уште еднаш даде одговор на конфликтната ситуација која беше предизвикана од еден јавен коментар на Ерик Абидал.

Абидал посочи дека дел од играчите на тимот се виновни за отказот на Ернесто Валверде, а потаквите зборови со коментар веднаш се јави и Лео Меси и тоа беше топ сторија во светот на фудбалот неколку денови.

Сега кога работата се смири, Меси повторно излезе со поопширен коментар за целата ситуација.

– Не знам што му поминало низ главата за да го рече тоа. Одговорив затоа што се почувствував нападнат, почувствував дека ги напаѓа фудбалерите. Многу работи веќе се кажани за нашата соблекувална, како ние да контролираме се, дека ние избираме кои играчи ќе дојдат и што ќе се случи со тренерите, а тоа посебно се кажува за мене, дека имам многу моќ за да одлучувам за работите. Многу се зборува дека јас носам одлуки, дека јас го водам клубот, а тоа воопшто не е вистина. Не знам зошто го велат тоа, -изјави Меси за „Мундо Депортиво“.

Facebook Коментари