Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси: Три дена сме овде, што чекаа, да почне натпреварот? (ВИДЕО)

Објавено

на

Бразил и Аргентина оваа вечер требаа да го играат големото дерби од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство, но наместо фудбалски спектакл добивме драма која може да се види само во овој дел на планетава.

Имено по само неколку минути мечот беше прекинат и тоа откако на теренот влетаа полицијата и здравствени власти, а причината за тоа беа аргентинските репрезентативци. Имено четворица играчи Џовани Ло Селсо, Емилијано Мартинез, Емилијано Буандија и Кристијан Ромеро немале право на настап или поточно според ковид протоколите морале да минат 14 дена во карантин при влегувањето во Бразил затоа што доаѓаат од Велика Британија.

Ова го има само во Јужна Америка: Полицијата влезе и го прекина дербито меѓу Бразил и Аргентина (ВИДЕО)

Поради ова властите тргнаа да ги отстранат, меѓутоа навистина е нејасно како ова е возможно да се случи затоа што Аргентинците веќе неколку денови се во Бразил што значи овластените лица имале доволно време за да ја решат оваа ситуација, па токму за ова говореше и Лионел Меси.

-Тука сме три дена. Тие чекаа мечот да започне, зошто порано не ни кажаа, зошто не дојдоа во хотелот? Ќе не предупредеа и тоа е. Целиот свет не гледа, -истакна Меси во говорот кој го фатија камерите.

Од КОНМЕБОЛ официјално информираа дека дуелот е суспендиран и дека се е во рацете на ФИФА и нејзиното дисциплинско тело затоа што ова се мечеви за СП кој е во организаиција на светската федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни