Светски првенства
Меси со уникатна порака одбележа еден месец од најголемиот успех во кариерата (Видео)

Аргентина стана светски шампион пред точно еден месец и генерацијата предводена од Лео Меси ги доживеа најубавите моменти во Катар, а по повод одбележувањето на првиот мал јубилеј, капитенот на „гаучосите“ излезе со потсетник на социјалните мрежи.
Ѕвездата на ПСЖ реши да одбележи еден месец од најдобриот момент во неговата кариера, која на крајот конечно ја закити со она што силно го посакуваше со години наназад.
Аргентина на 18-ти декември ја победи Франција во големото финале во Катар и по трет пат во историјата стана светски шампион, а Меси стана првиот капитен по Марадона кој го водеше аргентинскиот тим до најголемиот успех.
– Еден месец од најубавото што ни се случи на светот и се уште не можам да поверувам. Каква убаво лудило доживеавме во тоа време кое го завршивме со титулата која сите толку ја посакувавме. Очигледно, да бидете шампиони прави се да биде најубаво, но колку убави моменти доживеавме, колку убави спомени кои веќе ми недостасуваат. Ми недостасуваат соиграчите, секој ден минат заедно, ми недостасуваат разговориме, тренинзите и глупостите кои ги правевме…..
– Колку беше убаво да се види како моето семејство ужива во незаборавните моменти за сите и колку беше убаво да се види цело тоа лудило од нашите луѓе на теренот и во Аргентина. Ти благодарам Господе, како што кажав, знаев дека еден ден ќе ми ја дадеш титулата. Тоа што не можев да го замислам е она што се случи потоа, нокогаш не можев да замислам какво лудило ќе доживееме при прославата. Добро е, еве веќе еден месец сме СВЕТСКИ ШАМПИОНИ, – гласи пораката на Меси.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Италијапред 7 часа
Берлускони јавно го прозва Галијани по победата над Јувентус: Следниот чекор е многу голем