Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Меси со своето однесување почна да го навлекува гневот на навивачите: Си шеташе по теренот додека Динамо ја имаше топката (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси покажа големо незалагање на натрпеварот против Динамо Киев на кој камерите го уловија во еден ретко виден момент за него.

Очигледно на Аргентинецот и не му е многу до  фудбал по лошиот период кој го има Барселона како клуб воопшто, а и по неговите несогласувања со управата.

Андриевски помина покрај него со топката, а Меси не се обиде во ниту еден момент да му ја одземе иако можеше да го направи тоа. Наместо да тргне по него, Аргентинецот само се прошета и со поглед го испрати фудбалерот на Динамо Киев.

Ваквиот потег на капитенот на Барселона веднаш наиде на осуда на социјалните мрежи кои го нападнаа за неговиот однос кон клубот кој му дал се во кариерата.

Мора да се признае дека снимката која се појави на социјалните мрежи и не изгледа баш најпријатно, посебно ако се земе предвид дека на неа главен протагонист е фудбалерот кој обележа повеќе од една декада од модерниот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни