Поврзете се со нас

Свет

Меси со солзи во очите: Сонував за ова толку долго, ова е уникатен момент

Објавено

на

Репрезентацијата на Аргентина беше сигурна и убедлива на пресметката против Боливија која ја реализираше со 3-0 со хет-трикот кој го постигна Лионел Меси.

Со ова напаѓачот на Пари Сен Жермен го надмина легендарниот Пеле и стана најдобар репрезентативен стрелец во историјата на Јужна Америка. Оваа победа воедно беше награда за тоа што следуваше по последниот судиски свиреж, славјето на играчите со навивачите.

Имено Меси и компанија имаа можност да го споделат трофејот од Копа Америка со своите сонародници кои беа на трибините. Преку 20.000 гледачи беа присутни на стадионот во Буенос Аирес, а тоа многу му значеше на Лео за кого ова воедно беше прв трофеј со националниот тим, титула која долго време ја чекаше и посакуваше.

-Сонував за ова толку долго. Ова е единствен момент по толку долго чекање. Немаше подобар начин тоа да се случи и да се слави тука е нешто неверојатно. Толку среќа. Ова е она за што секогаш сонував и се случи. За моето семејство и за сите Аргентинци … јас сум толку емотивен. Мајка ми и браќата се на трибините, тие исто така многу страдаа. Многу сум среќен.

-Отсекогаш сум велел дека индивидуалните награди се секундарни, бидејќи ние сме тука за нешто друго (тимски успех), -порача Меси низ солзи.

Меси не можеше да ги сопре солзите при прославата со аргентинските фанови (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни