Поврзете се со нас

Свет

Меси со невообичаен напад на судијата кој им делеше правда на Аргентинците против Перу

Објавено

на

Аргентина е блиску до остварување на основната цел на квалификациите – пласман на Светското првенство во Катар, а во таа насока оди и минималната победа над Перу.

Лионел Меси и неговите соиграчи победија со 1:0, но она што е помалку невообичаено се острите зборови упатени на сметка на судијата од аргентинскиот капитен.

Бразилскиот судија Вилтон Переира Сампајо досуди контоверзен пенал за Перу, кој гостите не го реализираа, а со таа одлука дополнително го испровоцира Меси да биде споменат во неговиот коментар за мечот.

– Тежок натпревар, противникот не ни оставаше простор меѓу линиите, а силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата.

– Судијата го правеше сето она што ни го прави секогаш кога е назначен на наш натпревар. Можеби тоа го прави намерно, – напиша Меси на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни