Поврзете се со нас

Франција

Меси со мајсторски погодок стави печат на убедливата победа на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

foto: twitter.com/PSG_English

ПСЖ го прегази Клермон на отворањето на новата сезона во француското првенство, испорачувајќи пет погодоци за сигурни три бода.

Тренерот Кристоф Галтие дебитираше на прволигашки натпревар на клупата на ПСЖ со убедлива победа, а истата ја најави Нејмар уште во 9. минута.

Нешто подоцна, Хакими заврши контра на ПСЖ со атрактивен погодок, а до крајот на полувремето гостите поведоа со 0:3 преку Маркињос.

На последните два гола се чекаше до завршницата, кога Меси најпрвин реализираше во 80. минута, а шест минути подоцна со атрактивни ножички ги постави конечните 0:5.

Нејмар го заврши натпреварот со гол и три асистенции, а Меси во финишот имаше шанса и за хет-трик, но ударот му беше одбранет од голманот на Клермон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни