Поврзете се со нас

Свет

Меси со емотивна порака го испрати Видал во новиот клуб: Мислев дека си феномен, но уште повеќе ме изненади (Фото)

Објавено

на

Артуро Видал оваа вечер пристигна во Милано со цел да го комплетира својот премин во редовите на Интер, клуб кој со огромно задоволство информираше дека чилеанскиот играч за врска слета на аеродромот со цел да ги мине медицинските прегледи.

Во текот на утрешниот ден се очекува да биде комплетирана цела операција, па по најавата на Интер за комплетирање на трансферот кој толку многу го посакуваше Антонио Конте, пристигнаа и првите реакции на социјалните мрежи.

Интересно, меѓу првите се јави Лионел Меси, капитенот на Барселона на кого очигледно доста многу ќе му недостасува популарниот „Кинг Артуро“.

– Те познавав само како противник на терените и секогаш ми изгледаше на феномен. Потоа имав среќа да те запознаам лично и уште повеќе ме изненади. Ова беа две години во кои поделивме многу работи и во кои многу го чувствував твоето присуство, ќе и недостасуваш на цела соблекувална. Ти посакувам се најдобро во твојата нова етапа и во твојот нов клуб. Сигурен сум дека повторно ќе се сретнеме, – порача Меси, а веднаш пристигна одговор од Артуро.

– Ти благодарам вонземјанине Лео Меси!!! Беше чест да играм со анјголемиот во историјата и многу сум благодарен за пријателството со тебе. Веќе ми недостасувате. Се гледаме наскоро, – возврати Видал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни