Поврзете се со нас

Свет

Меси со џентлменски говор ја одбележа својата осма „Златна топка“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ballondor

Лионел Меси по осми пат во својата кариера ја доби најпрестижната индивидуална награда, откако вечерва повторно беше прогласен за најдобар светски фудбалер од страна на „Франс Фудбал“.

„Златната топка“ традиционално се доделува секоја година на најдобриот фудбалер на планетата, а според реномираните новинари тоа одново беше Меси кој ја водеше Аргентина до историска светска титула на мундијалот во Катар.

Меси си го оствари својот сон и ја освои единствената титула која му недостасуваше во кариерата, па тоа се покажа како доволно да ги победи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе во тесната трка за најдобар фудбалер во светот.

– Пред се сакам да се заблагодарам на сите кои гласаа за мене, тие направија да ја добијам оваа награда. Секако, сакам да ја споделам оваа награда со соиграчите од репрезентацијата, повторно ја освојувам оваа награда поради успехот кој го остваривме со националниот тим. Ова е благодарение на Лаутаро, на Емилијано и сите останати. Ова е награда за цела група, за цел стручен штаб и за цела Аргентина.

– Во оваа прилика, не сакам да ги заборавам Халанд и Мбапе, тие имаа неверојатна година, на индивидуално и тимско ниво. Халанд имаше спектакуларна година, освои се и убеден сум дека во иднина ќе ја освојат оваа награда.

– Долги години сум дел од оваа церемонија, годините минуваат, генерациите се менуваат, но класата на играчи останува иста. Гледам многу добри млади фудбалери и сигурен сум дека ќе уживаме во врвен фудбал и во врвни играчи и во иднина. Сакам специјално да се заблагодарам на сите кои ме следат цела кариера, си го оставрив сонот кога го освоив светското првенство. Добив многу љубов, од различни националности, ме трогна тоа што многумина сакаа Аргентина да биде светски шампион. За крај, сакам да им се заблагодарам на моите најблиски во Аргентина и Мајами, како и на мојата сопруга и децата кои се тука со мене, – изјави Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни