Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси шутираше мексикански дрес, па доби закана од познат боксер: Нека се моли да не се сретнеме!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Лионел Меси ја презема одговорноста и погоди во многу важен момент за победа на Аргентина над Мексико на Светското првенство, но еден негов потег уште повеќе ги налути мексиканските фанови.

На социјалните мрежи се појави видео не кое се гледа како Меси шутира мексикански дрес во соблекувалната, нешто што воопшто не и се допадна на мексиканската јавност, а за што големата фудбалска ѕвезда доби сериозна закана.

Се јави познатиот боксер Канело Алварес, кој му испрати порака на Аргентинецот.

– Видов како Меси го чисти подот со наш дрес и знаме. Нека му се моли на Господ да не се сретнеме, – изјавил Алварес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни