Свет
Меси: Сега сите сакаат да ја победат Аргентина

Репрезентацијата на Аргентина имаше позитивен старт на квалификациите за Светското првенство и тоа со победа над Еквадор од 1-0, победа која ја донесе капитенот Лионел Меси.
„Гаучосите“ се мачеа да го скршат отпорот на противникот, но кога имате играч како Меси ќе пронајдете начин да дојдете до посакуваната цел, па така асот на Интер Мајами изведе магија во 78 минута за три бода за актуелните шампиони.
-На двете пријателски и денеска се покажа дека оваа група нема да се опушти и покрај се што е постигнатото. Беше историско, извонредно. Знаеме дека ако се опуштиме ќе не поминат. Ќе има вакви тешки натпревари. Порази, сигурно. Мораме да бидеме како што сме сега, со нозете на земја. Да се бориме на секој натпревар како што се бориме откако Скалони ова го започна, -истакна Меси и додаде:
-Веќе знаевме дека ќе биде вака, особено поради начинот на кој се квалификациите. Знаевме дека е многу тешко да се победи, дека сите се многу тесни натпревари. Еквадор е одличен тим. Уште од последните квалификации покажуваат дека имаат многу добри играчи, дека се физички силни, дека им е јасно што прават, иако сменија тренер и сега се обидуваат нешто друго. Она што го прават, го прават многу добро, знаеме што требаше да направиме за да продолжиме.
-Секој сака да ја победи Аргентина. Сега кога сме светски шампиони, уште повеќе. Затоа не можеме да се опуштиме. Дури мораме да да бидеме малку подобри од тоа што бевме. Во секој натпревар се бара максмимум и сигурно се повеќе и повеќе, -порача лидерот на Аргентинците.
Наредната средба им е против Боливија на гостински терен.
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 23 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 20 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 22 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек
-
Италијапред 22 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)