Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Меси се загрева за рестартот на ЛШ: Еден од најубавите спомени….. (Фото)

Објавено

на

Барселона порано во текот на денешниот ден објави досега две непознати магии на Лионел Меси од времето кога бил дел од Ла Масија школата на каталонскиот гигант, но додека клубот се наврати на неговите почетоци, Аргентинецот се наврати на неговиот најубав спомен од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Барса денеска мораа да направат ПЦР корона тест пред рестартот на сезоната во најелитното клупско натпреварување, а Меси во меѓувреме се загрева за она што следува во Лигата на шампионите, и тоа со навистина посебна сцена.

Меси се мотивира за она што следи против Наполи со сцена од голот против Манчестер Јунајтед во финалето кое се одигра на „Вемлби“, погодок со кој беше скршен отпорот на „црвените ѓаволи“.

– Еден од моите најубави спомени во Лигата на шампионите…. Останува уште малку до враќањето, – порача капитенот на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни