Свет
Меси се врати на терен, Интер Мајами остана без шанси за пласман во плејофот

Лионел Меси влезе од клупата за резерви на дуелот меѓу Интер Мајами и Синсинати, но не можеше да го спречи минималниот пораз на својот тим на домашен терен (0:1).
Аргентинецот пропушти пет од последните шест натпревари поради повреда, за утринава да го започне својот настап во 55. минута, но без конкретен ефект за Интер Мајами.
Со овој пораз, составот од Флорида и дефинитивно остана без шанса да избори место во плејофот, па до крајот на сезоната остануваат уште само два дуели за Интер Мајами.
Меси сигурно ќе го пропушти презакажаното соочување со Шарлот на 18. октомври, но прашање е и дали Тата Мартино ќе реши да ризикува со големата ѕвезда три дена подоцна со истиот противник на гостински терен.
– Повредата е залечена, но Меси го загуби ритамот. Не играше многу последниот период, затоа доби и ограничена минутажа, – изјавил тренерот Мартино по средбата.
Во меѓувреме, Меси ќе и се приклучи на аргентинската репрезентација, која ќе одигра квалификациски натпревари за СП против Парагвај и Перу.
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ