Поврзете се со нас

Шпанија

Меси се согласил на уште поголемо намалување на платата, но попусто

Објавено

на

Шпанските медиуми пренесуваат дека Лионел Меси бил подготвен уште повеќе да се откаже од примањата за да остане верен на Барселона и да потпише нов петгодишен договор.

Претходно било договорено Меси да добие намалување на платата за цели 50%, а кога станал јасен проблемот со правилата на Ла Лига, Аргентинецот се согласил на уште поголемо намалување на платата.

Сепак и со таквото намалување трошоците на Барселона за плати на играчи би биле 95% од профитот на клубот, што не е дозволено според новите правила.

Сега останува двете страни да се помират со тоа што се случи, а Меси да прифати една од многуте понуди кои ќе пристигнат на нивна адреса.

Најголем фаворит за неговиот потпис е тимот на ПСЖ, Манчестер Сити и официјално најави дека нема да притиска за негов ангажман, а „Скај Спортс“ пренесе дека постојат уште најмалку два клуба кои можат да си го дозволат и кои се заинтересирани за Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни