Поврзете се со нас

Свет

Меси се препозна себеси во еден од тројцата наследници: Тој е најсличен на мене

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Лионел Меси има три наследници и секој поединечно полека влегува во фудбалските води, но говорејќи директно за каракатерите кои ги имаат Тиаго, Матео и Чиро, аргентинскиот капитен самиот се препозна во еден од тројцата.

Во најавата за Копа Америка, Меси одговораше на лични прашања поврзани за потесното семејство, а бидејќи самиот тој им ја пренел љубовта кон фудбалот, свесен е дека тројцата ќе се обидат да триумфираат како професионални фудбалери.

Како грижлив татко, Лео не сака да прави притисок кон ниту еден од нив, но запрашан да избере кој е најсличен на него според карактерот, Меси го избра шестгодишниот Чиро кој е најмлад во семејството.

– Тиаго веќе игра константно фудбал и сака да игра. Тројцата се многу различни во секој поглед. Тиаго е многу почувствителен од мене и многу лошо прифаќа кога некој ќе му каже нешто со поостар тон. Тој е најголем од тројцата и веќе знае што е добро, а што е лошо.

– Матео е целосен контраст, на него може да му кажете се што сакате, тој нема ниту да ве погледне. Воопшто не ви обрнува внимание, без разлика што сте му кажале, сите раобти ги прифаќа на свој начин. Говорејќи само за карактерот, Чиро е најсличен на мене. Веќе некое време зборуваме за тоа со Антонела, се повеќе работи кај него ме потсетуваат на мене, – вели Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни