Шпанија
Меси се пожали од судијата: Очајно сакаше да ми покаже картон (Видео)

Барселона едвај успеа да го совлада Валјадолид и ја намали негативата зад лидерот Атлетико Мадрид, па порелаксирано ќе се подготвува за претстојното „Ел Класико“.
Голот за победа го постигна Усман Дембеле, а Лионел Меси не само што не реализираше, туку очигледно имаше проблем и со главниот судија.
Ова го открива видеото снимено по крајот на првото полувреме, кога Аргентинецот се упатува кон соблекувалната и се пресретнува со делегатот на средбата.
– Очајно сакаше да ми покаже жолт картон. Неверојатно… – му се пожали Меси на делегатот, алудирајќи на судијата Латре, кој според него сакал да го елиминира за настап на „Ел Класико“ бидејќи на тој начин ќе има кумулиран број на картони за автоматска суспензија.
Дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра во сабота од 21 часот и ќе има големо значење во борбата за шампионската титула во Ла Лига.

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 22 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Италијапред 24 часа
Смолинг доживеал „криминалистички филм“ во својот дом, под закана го отворил и сефот
- Англијапред 21 час
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 18 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин