Свет
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!

Трансфер сагата наречена „Лионел Меси“ дефинитивно нема да се провлекува цело лето, бидејќи Аргентинецот одлучи да ги реши дилемите уште на самиот старт на месец јуни, прифаќајќи ја понудата на Интер Мајами.
Меси ги одби милионите од Саудиска Арабија и не ги прифати условите на Барселона за негово враќање на „Камп Ноу“, па сега во ексклузивно интервју за „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ детално објаснува зошто не се враќа во Барса и покрај тоа што тоа била негова примарна цел.
– Вистина е, имав голема страст и желба да се вратам во Барселона, но од друга страна, после се она што го доживеав пред две години и начинот на кој си заминав, не сакав повторно да се доведам себе и семејството во иста ситуација. Требаше повторно да чекам и да оставам на другите да решаваат за мене. Овојпат сакав јас да донесам одлука, мислев на себе и моето семејство.
– Точно е дека Ла Лига дозволи преговори за мое враќање, но повторно имаше уште многу работи кои требаше да се кристализираат. Слушнав дека Барслеона треба да продава играчи, да крати плати за да се вратам јас, а искрено, не сакав да минувам низ тоа. Веќе бев обвинет за многу работи кои беа невистинити додека бев во Барселона и веќе сум малку изморен од тоа, не сакав повторно да минувам низ истото. Имав страв дека може да се повтори ситуацијата од пред две години, бидејќи по заминувањето завршив во Париз и минав две години во хотел. Овојпат јас сакав да донесам одлука, а истата гласи дека не се враќам во Барселона. Иако многу сакав, не можеа да се реализираат сите работи. Полека влегувам во период во кој сакам да бидам понастрана од центарот на вниманието и сакам повеќе да мислам на моето семејство.
– Донесов одлука да одам во Мајами. Се уште немам потпишано договор, но недостасуваат само неколку работи и заклучивме дека сме на истиот пат. Кога не испадна враќањето во Барселона, решив да си заминам од Европа и одам во Мајами, – вели Меси.
-
Светпред 19 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 20 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 21 час
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Англијапред 17 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
Англијапред 8 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 19 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава