Шпанија
Меси се огласи за „Ел Класико“ откако ја освои осмата „Златна топка“: Знам какво е чувството во Барселона

Лионел Меси вчеравечер ја доби осмата „Златна топка“ во кариерата и беше прогласен за најдобар светски фудаблер од „Франс Фудбал“, а организаторот на настанот сакаше Дејвид Бекам да биде оној кој ќе му ја додели наградата на Аргентинецот.
Бекам пред неколку месеци го донесе Меси во Интер Мајами, па сега се покажа како идеална личност за доделување на уште едно престижно признание, по кое Аргентинецот говорел и за последното „Ел Класико“ дерби во Шпанија.
Иако одби враќање на „Камп Ноу“ изминатово лето, Меси вели дека се уште ги следи сите случувања во Барселона, а со оглед на минатото кое го има во клубот, сигурен е дека во догледна иднина повторно ќе биде дел од каталонскиот гигант.
– Секако дека ја следам Барселона, тоа сум го правел отсекогаш и ќе го правам секогаш. Ја сакам Барселона и ќе ја сакам цел живот. Барселона сега има микс од млади фудбалери и неколку ветерани. Во една сезона можат да се случат многу нешта, но мислам дека оваа Барса сега може да се бори во Лигата на шампионите. „Ел Класико“? Добро знам какво е чувството во Барселона. Можам да претпоставам како им е на луѓето во Барселона после поразот. Пораз од Реал секогаш боли и знам како и е на каталонската јавност и на навивачите.
– По крајот на кариерата ќе живеам во Барселона и сигурно дека еден ден повторно ќе се поврзам со клубот. Би сакал да добијам испраќање какво што доликува. Си заминав во чудни околности и тоа не е добро за двете страни. Сакам да се збогувам од луѓето со кои имав толку многу радости и успеси, – изјави Меси.
-
Италијапред 22 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 10 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Европски првенствапред 11 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
НБАпред 21 час
Нуркиќ го предизвика Јокиќ, но и му помогна на Денвер со потег во самиот финиш (Видео)
-
Италијапред 8 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ниска провокација: Стоперот на Ал Хилал го бараше невидливиот Роналдо во мрежата од голот! (Видео)