Поврзете се со нас

Свет

Меси се јави меѓу првите откако Нејмар ја заработи најтешката повреда во кариерата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Нејмар имаше многу проблеми со скочните зглобови во изминатите три-четири години и во неколку наврати отсуствуваше со месеци, но сега на 31-годишна возраст Бразилецот дочека уште полоши денови од оние кои ги остави зад себе.

„Десетката“ на Бразил си нанесе штета на натпреварот против Уругвај и падна како покосен по едно лошо движење на коленото, а за жал се оствари најцрните прогнози на лекарите.

Нејмар ја заработи најтешката повреда во својата кариера и ќе биде во аут најмалку девет месеци, бидејќи покрај тоа што го скинал предниот вкрстен лигамент, оштетен му е и менискусот.

Бразилецот ќе мора да прави оперативен зафат за да ја санира штета и го чека долга рехабилитација, што значи дека Ал Хилал остана без својата главна ѕвезда набрзо откако инвестираше многу пари за него.

Нејмар добива многу пораки за поддршка откако беше потврдена најлошата вест, а меѓу првите се јави и неговиот пријател и поранешен соиграч од Барселона и ПСЖ, Лео Меси.

– Ти испраќам многу сила, Нејмар…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни