Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Меси: ПСЖ има јасна цел во ЛШ

Објавено

на

Лионел Меси од оваа сезона е дел од францускиот прволигаш Пари Сен Жермен кој состави еден вистински дрим-тим се со цел да ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и да го оствари големиот сон, да ја освои Лигата на шампионите.

Меси дефинитивно низ изминативе месеци јасно виде кој е сонот, па без разлика на тоа што Реал Мадрид им е противник во осминатиналето тој верува дека можат да одат до крај во ова натпреварување.

-Целта на ПСЖ е да ја освои Лигата на шампионите, тоа е целта на сите.Тимот беше многу блиску претходно. Тоа е суштинско натпреварување за сите тимови. Ќе се обидеме да го освоиме, -рече Лео кој уште еднаш проговори за преселбата од Барселона во Париз.

-Тоа беше многу голема промена по толку многу време на исто место, така што не беше лесно. Ама на сите ни оди добро во градот што е спектакуларен и во еден од најдобрите тимови во светот, -истакна Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни