Поврзете се со нас

Франција

Меси проговори за иднината на Мбапе: Само Килијан знае што му се врти во главата

Објавено

на

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси даде свое видување на ситуацијата околу иднината на Килијан Мбапе, кој многумина го сметаат за фудбалер кој ќе доминира во фудбалот во годините што претстојат.

Офанзивецот на парижаните се уште не сака да го продолжи договорот и веројатно чека можност да се приклучи на тимот за кој отсекогаш навивал, Реал Мадрид.

За иднината на Мбапе свој став искажа Меси кој посочи дека фудбалерот е важен за ПСЖ, но дека самиот ќе одлучи што ќе прави по крајот на оваа сезона.

– Само Килијан знае што има во неговата глава и што ќе направи следно. Среќен сум што остана тука оваа година, тој е многу важен играч за нас.

– Мбапе ќе одлучи што ќе прави со својата кариера по крајот на оваа сезона, -потенцираше Меси во интервјуто за „Л’Екип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни