Поврзете се со нас

Свет

Меси проговори англиски во најавата за четвртото продолжение на „Лоши момци“, видеото стана вирално

Објавено

на

„Лошите момци“ е акциона комедија која секогаш ги врзува пред телевизорот големите љубители на филмови, а најновата најава за продолжението кое следи дефинитивно привлекува големо внимание во Америка.

Вил Смит и Мартин Лоренс повторно ќе бидат во главни улоги во четвртото продолжение на „Лошите момци“, но ексклузивниот видео материјал кој сега служи како најава во САД се најде во фокусот и поради двете спортски ѕвезди кои се дел од кампањата.

Џими Батлер и Лионел Меси се дел од промотивниот материјал за четвриот дел на познатиот филм, а фудбалските фанови посебно се среќни бидејќи за првпат слушаа како Меси изговара зборови на англиски јазик.

Меси се појавува кратко во видеото и има за задача да го изговори насловот на филмот, додека Џими Батлер како домашна спортска ѕвезда има далеку поголема улога во рекламата.

Четвртото продолжение на „Лоши момци“ ексклузивно ќе има премиера во кино салите во Америка на 7-ми јуни, по што се очекува оваа комедија брзо да прерасне хит и на европскиот пазар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни