Поврзете се со нас

Свет

Меси прикажа како тренира со своите наследници, во фокусот на медиумите се најде еден сегмент (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси го користи летниот одмор за да работи на своето тело во теретаната, но и за да се забавува со своите синови кои очигледно исто така уживаат со фудбалската топка.

Аргентинскиот капитен во својата најновата објава на Инстграм сподели видео од летниот одмор, на кое се гледа како неговите синови Тиаго и Матео демонстрираат дел од своите вештини со фудбалската топка.

Од популарната „шева“, комотно може да се заклучи дека Лео обожава да си игра со своите наследници, но на медиумите внимание им предизвика и еден детаљ кога се во прашање синовите на Меси.

На видеото го нема најмладиот Чиро, но кога се во прашање Тиаго и Матео, лесно може да се забележи дека тие двајца се деснаци, а не леваци како нивниот татко кој се смета за еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни