Поврзете се со нас

Франција

Меси претрча пола терен, Мбапе му се заблагодари за асистенцијата (Видео)

Објавено

на

По двете реми средби едно по друго, ПСЖ им се врати на победите во домашното првенство, такашто вечерва славеше во големото дерби со Монако на домашен терен.

Сите клучни моменти на „Паркот на принцовите“ се случија во првите 45 минути, во кои во главна улога беше Килијан Мбапе, а споредната беше резервирана за Лионел Меси кој уште еднаш покажа дека ужива во асистенциите исто колку и во головите.

Мбапе го отвори резутлатот со гол од пенал, а погоди и пред крајот на првиот дел, погодок кој се покажа како последен на дерби пресметката во Лига 1.

Во оваа ситуација, Лионел Меси пресече топка и претрча половина терен, па кога дојде во добра можност да шутира, реши да додаде и да го проигра својот соиграч.

Мбапе мајсторски реализираше во мрежата на својот поранешен клуб и брзо му се заблагодари на Меси за несебичната асистенција, а со се поочигледните добри вибрации меѓу нив, покажуваат дека нивното партнерство се развива одлично и оди во вистински правец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни