Поврзете се со нас

Франција

Меси прецртал еден соиграч и бара од ПСЖ да се ослободи од него

Објавено

на

Трансферот на Лионел Меси во ПСЖ беше неочекуван, но тоа нема да ја спречи големата фудбалска ѕвезда да наметне свој авторитет во соблекувалната и влијание врз раководството на клубот.

Од Франција веќе стигнуваат шпекулации дека Меси не комуницира со еден соиграч, односно побарал од ПСЖ да се ослободи од Мауро Икарди, кој одамна нема најдобри односи со попознатиот сонародник.

Меси и Икарди имаат историја од настапите за аргентинската репрезентација и Икарди е убеден дека Меси е причината што тој одамна нема повик во националниот тим, додека пак на Меси дополнително не му се допаднал скандалот и однесувањето на Икарди по брачната драма со Ванда Нара.

Според развојот на ситуацијата, лесно е да се претпостави дека ПСЖ би прифатил понуда за Икарди уште во јануари, со што би се избегнале тензии во соблекувалната, а клубот ќе се ослободи и од напаѓачот со контроверзна сопруга-агент.

Шпекулациите отидоа дотаму што наводно Меси побарал размена на Икарди со неговиот голем пријател Серхио Агуеро, кој почна да го одработува двегодишниот договор со Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни