Поврзете се со нас

Шпанија

Меси повторно блескаше, Хетафе со аматерски автогол и помогна на Барселона (Видео)

Објавено

на

По освоената титула во Копа дел Реј, Барселона се уште верува дека има време за пресврт во домашното првенство, а првиот чекор го направи оваа вечер откако го победи тимот со кој Реал Мадрид киксираше пред неколку дена.

Барса на домашен терен покажа доволно добри перформанси за да го надигра Хетафе, иако мора да се напомене дека доби огромна помош во ситуација кога гостите од Мадрид беа навистина добро поставени на теренот.

Домашниот тим поведе со 1:0 благодарение на брилијантниот гол на Лионел Меси, но еден несреќен автогол на Ленгле брзо ги врати работите на почеток, што значеше дека по 12 минути игра е 1:1.

Во наредните 15-тина минути, Барса имаше проблем да го пронајде патот до голот, но затоа тимот на Куман доби огромна помош од гостите, кога едно недоразбирање заврши со аматерски автогол. Шакла и голманот Сорија не се разбраа, па овој првиот си постигна бизарен автогол во својата мрежа. Набрзо после ова, Лео Меси со својот втор гол зголеми на 3:1, па Барса со комотна предност отиде на пауза.

Второто полувреме ни донесе уште три гола, но оној првиот беше во мрежата на фаворитот. По ВАР снимката, судијата покажа на белата точка и Унал намали на 3:2, но играчот кој го направи пеналот, потоа ја поправи грешката и погоди за 4:2. Араухо ги врати работите во нормала, а во судиското надополнување, Гризман се избори за пенал и сам го претвори во гол за 5:2 на „Камп Ноу“.

Барселона на овој начин го одржа чекорот со водечките, односно има пет бода помалку од Атлетико со натпревар помалку, или два од Реал кој е втор на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни