Поврзете се со нас

Шпанија

Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)

Објавено

на

Во новиот дуел на двата најтрофејни клубови во „Копа дел Реј“, Барселона демонстрираше дека во овој момент е во далеку подобра форма од Атлетик Билбао, а ако на тоа се надополни и инспирацијата на Лионел Меси, се добива резултат каков што добивме вечерва на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја.

Билбао пред две седмици загуби од Реал Сосиедад во Куп финалето кое беше одложено поради Ковид пандемијата, но вечерва доживеа тежок пораз од 4:0 во пресметката со каталонскиот гигант.

Барса одигра на завидно ниво во сите 90 минути и беше убедливо подобар и доминантен ривал, па сосема заслужено стигна до својата рекордна 31-ва титула во Купот на кралот.

Првите 45 минути не донесоа големи возбудувања и не видовме ниту еден гол, но затоа во вторите 45 минути видовме дури четири погодоци, со кои Роналд Куман стигна до првиот трофеј како тренер на Барслеона.

Антоан Гризман го отвори резултатот по еден час игра откако одлично асистираше Де Јонг, а три минути подоцна, токму Холанѓанецот погоди за 2:0 и го најави потопот на баскијците. Во 68-та минута, фудбaлските фанови кои го следеа мечот беа сведоци на нов антологиски гол на Лионел Меси, бидејќи капитенот на Барселона претрча 60 метри, имаше одлично проигрување со Де Јонг, а и фасцинантен дриблинг пред да ја затресе мрежата на Симон.

Четири минути подоцна, Меси со својот втор гол по додавање од Жорди Алба го постигна и четвртиот погодок на мечот, кој се покажа како последен во Куп победата во финалето со 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни