Поврзете се со нас

Шпанија

Меси постави нов рекорд во победата на Барселона (ФОТО)

Објавено

на

Составот на Барселона имаше идеален рестарт на сезоната во Примера и тоа со висока победа над Мајорка од 4-0.

Лидерот во шпанскиот шампионат се прикажа во одлично светло на ова гостување во кое по два гола даде во двете полувремиња, Артуро Видал и Мартин Брајтвајт стрелаа во првиот, додека Жорди Алба и Лионел Меси во вториот дел.

Токму овој последниот со својот погодок испиша нова страница во Ла Лига, поточно стана првиот играч кој 12 сезона во низа има учинок од 20 или повеќе голови во најсилниот шпански шампионат.

Меси со 20 погодоци е на првото место на листата на стрелци, но воедно и е лидер кога се во прашање асистенциите (14)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни