Поврзете се со нас

Франција

Меси понижен како никогаш досега: Лео добива жестоки свирежи од „Паркот на принцовите“ при секој допир со топката! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ води на полувреме против Ажаксио со резултат 2:0 благодарение на головите на Фабијан Руиз и Хакими, но веста на вечерта од овој дел од натпреварот е она што го доживува Лионел Меси.

Клубот одлучи да му ја повлече суспензијата и го врати во ростерот за натпреварот во Лига 1, но иако челниците на ПСЖ го ставија „случајот Саудиска Арабија“ во архива, навивачите не му простија на Аргентинецот.

Меси дефинитивно го доживува најголемото понижување на „Паркот на принцовите“ оваа вечер, бидејќи добива жестоки свирежи од навивачите при секој допир со топката.

Аргентинецот знаеше да биде исвиркуван и претходно пред стартот на натпреварите, но сега речиси цел стадион се сврте против него и станува јасно дека ситуацијата е непоправлива.

Во ваква атмосфера, Меси нема никакви шанси да стави потпис на нов договор со ПСЖ, па јасно е дека ќе го гледаме во нова средина по крајот на оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни