Поврзете се со нас

Свет

Меси погоди девојче на трибините, реакцијата на таткото стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами изводјува убедлива победа над Орландо во соседското дерби во МЛС лигата, победа од 5-0 во која во центарот на вниманието беа ветераните Лионел Меси и Луис Суарез кои постигнаа по два гола.

Од дуелот од Флорида ни дојде и една интересна снимка, видео кое стана хит на социјалните мрежи и ота поради реакцијата на таткото откако неговата ќерка беше погодена со топка по слободниот удар кој го изведе Меси.

Ударот на Лео заврши на трибините, а тука беше едно мало девојче со семејство кое доби удар и почна да плаче. Мајката почна веднаш да се грижи за неа, додека пак таткото имаше зборови кои уште еднаш покажуваат колку луѓето понекогаш се луди по фудбалот и по аргентинската ѕвезда.

-Во ред е љубов, Меси те удри, ништо не се случи, -коментира таткото во позадина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни