Поврзете се со нас

Свет

Меси почна како резерва, па влезе во игра и малку фалеше да постигне гол за паметење (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AFASeleccionEN

Лионел Меси ги пропушти последните натпревари за Интер Мајами и не беше ставен под ризик од тренерот Тата Мартино, се со цел да биде подготвен да и помогне на Аргентина.

Светскиот шампион ги продолжи квалификациите за Светско првенство со натпревар против Парагвај, а иако истиот понуди многу шанси, на крајот пресуден беше моментот во 3-та минута.

Николас Отаменди погоди за рано водство и резултатот не се менуваше до крајот, иако Аргентинците во вториот дел имаа повеќе шанси да имаат и поубедлива победа.

Лионел Меси влезе во почетната фаза на второто полувреме и брзо ги презема работите под контрола, но диреците денеска го спречија да постигне гол.

Во првиот обид ја погоди рамката од голот директно од корнер и сантиметри го делеа од гол за паметење, а потоа во судиското продолженија ја погоди стативата по одличен слободен удар.

Лео го привлече вниманието и при влегувањето во игра, бидејќи му викаше на Отаменди да не му ја предава капитенската лента, но стоперот не го послуша и му ја стави на рака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни