Поврзете се со нас

Свет

Меси почна да се премислува: Не сум оној истиот, но…..

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси по освоената титула во Катар изјави дека го одиграл последното Светско првенство во неговата кариера, но иако одминуваат години, Лео и натаму е важен дел од аргентинската репрезентација.

Капитенот ќе биде лидер на „гаучосите“ на претстојната Копа Америка на која ќе ја бранат титулата, но новинарите почнаа да му поствуваат прашања и за мундијалот во 2026-та година.

Меси ќе наполни 37 години подоцна овој месец и би го дочекал следниот мундијал пред да наполни 39, па иако станува збор за сериозна возраст, Лео сега не е толку убеден дека ќе го пропушти тој турнир.

Играчот на Интер Мајами ја остави вратата отворена за уште еден мундијал, но само во случај ако остане на нивото кое тој смета дека е задоволително.

– Ќе зависи од тоа како ќе се чувствувам, ќе зависи од мојата физичка состојба. Ќе мора да бидам реален со себе, но и со соиграчите. Пресудно ќе биде тоа дали ќе се сметам за способен да им помогнам на соиграчите кои се дел од репрезентацијата.

– Има уште многу до следното Светско првенство и рано е да се дава точна прогноза. Годините се важна реалност, иако станува само за број. Натпреварите кои ги играм во Америка не се на нивото од Европа, каде играв со максимален напор на секои три дена. Не сум оној истиот, но се ќе зависи од чувството кое ќе го имам за мојата игра, – вели Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни