Меси по рекорден шести пат ја подигна „Златната топка“

mesi topka

Капитенот на Барселона и на аргентинската репрезентација е освојувач на „Златната топка“ за 2019 година.

Напаѓачот по шести рекорден пат беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, односно го доби најпрестижното индивидуално признание кое го доделува францускиот магазин „Франс Фудбал“. Меси претходно беше број еден во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015, а најновата награда ја доби пред имиња како Садио Мане, Кристијано Роналдо и Вирџил Ван Дајк кои се најдоа од втората до четвртата позиција.

Од петтото до десетто место се Салах, Мбапе, Алисон, Левандовски, Силва и Марез.

Кога е во прашање „Златната топка“ кај дамите истата и припадна на Американката, Меган Рапино.

Наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман заврши во рацете на Алисон Бекер, додека за најдобар млад играч е избран Матијс де Лихт од Јувентус.

Facebook Коментари