Меси, па Енис: Уште еден доказ за фантастичната прва сезона на Барди во Примера (ФОТО)

bardi

Леванте направи големо изненадување и ја прекина неверојатната серија на Барселона без пораз во луд натпревар во Валенија кој заврши со 5-4.

Дел од овој спектакл и гол-шоу беше нашиот Енис Барди кој ги одигра сите 90 минути протоа постигнувајќи два погодоци со кои дојде до бројката од 9 во оваа кампања во Примера што е навистина импресивно со тоа што слободно можеме да напоменеmе оти неговиот учинок можеше да биде и подобар ако претходниот тренер на Леванте во одреден период не го заборавеше на клупата на резерви.

Како и да е, Барди под водство на Пако Лопез повторно „распука“ и игра фантастично. Доказ за тоа што всушнот прави Енис во оваа сезона е и фактот што е рамо до рамо со Лионел Меси во две статистички категории.

Имено тој има постигнато еден гол помалку кога се во прашање слободните удари (6/5) во Примера, а пак кога станува збор за погодоците надвор од шестнаесетникот Аргентинецот води со 8-6, односно нашиот ас е на второто место на листата . Секоја чест мајсторе и продолжи во ваков ритам!

Facebook Коментари