Поврзете се со нас

Франција

Меси: Оваа година е различна, конечно уживам во ПСЖ

Објавено

на

Лионел Меси не се прослави во својата прва година во Пари Сен Жермен, клуб во кој пристигна неочекуванот откако во последен момент не можеше да се затвори зделката за продолжување на соработката со Барселона.

Тој се реши да го прифати повикот од Париз и даде 11 голови на 34 средби во минатата кампања што дефинитивно е скромен учинок за играч од негов калибар. Меѓутоа во актуелнава 2022/2023 се е поинаку, Аргентинецот изгледа задоволно, дава голови, асистира, многу подобро се разбира со соиграчите и самиот признава дека конечно ужива на „Паркот на принцовите“.

-Се чувствувам добро, различно од минатата година и знаев дека така ќе биде. Минатата година како што веќе реков поминав лошо, никогаш не завршив со пронаоѓањето, но оваа година е поинаку. Пристигнав со поинаква глава, поприспособена во клубот, во соблекувалната, на играта, на моите соиграчи. Вистината е дека се чувствувам многу добро и повторно уживам, -порача Лео по двата гола што ги даде за Аргентина во пријателската средба со Хондурас.

Меси со атракција стави печат на победата на Аргентина (Видео)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни