Поврзете се со нас

Свет

Меси: Ова се последните битки

Објавено

на

Лионел Меси и селекцијата на Аргентина имаат одлична можност да го одбранат пехарот на Копа Америка.

И не само тоа, по победата од 2:0 над Канада во полуфиналето, се стекнаа со можност заедно со Шпанија да станат единствената репрезентација која победила на три последователни големи натпреварувања.

Шпанците тоа го направија во 2008 година на ЕП, потоа во 2010 година на Светското првенство во Јужна Африка, а потоа го одбранија трофејот на ЕП 2012 година.

„Лудо е тоа што успеа да го направи овој тим, што го прави Аргентина. За нас кои останавме таму од старата гарда, навистина е импресивно што сме со репрезентацијата во уште едно големо финале“, изјави Меси по мечот.

Беше многу фокусиран пред канадскиот гол, во 51. минута го постигна 109. во кариерата во дресот со националниот амблем.

„Не бев сигурен дека топката на Енцо ќе влезе во голот, па ја пренасочив. Тоа беше рефлекс“, објасни Меси за ситуацијата кога го постигна голот..

По оваа средба, Аргентина е непоразена десет натпревари по ред. Желбата на Меси и на сите во Аргентина е да се освои рекордната 16-та титула на Копа Америка, а финалето ќе се игра во Мајами против Уругвај или Колумбија.

„Мораме да уживаме во секој момент од животот. Сето тоа го доживувам како на последната Копа Америка, на Муднијал…Свесен сум дека ова се можеби последните битки и затоа уживам во нив максимално“, изјави Меси и додаде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни