Поврзете се со нас

Свет

Меси отворено: Можев да се вратам во Барселона, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси отвори ново поглавје во неговата кариера и веќе неколку месеци е дел од МЛС составот Интер Мајами, тим кој не успеа да обезбеди пласман во плејофот по што се појавија информации дека ветеранот може да се врати во Европа и тоа на позајмица.

Се споменуваше Барселона, ама Аргентинецот има јасен став на оваа тема кој го повтори преку „Л’Екип“.

-Не, нема шанси. Нема тоа да се случи. Фала му на Бога, имав извонредна кариера во Европа и освоив се за што сонував. Сега кога решив да дојдам во САД, мислам дека никогаш нема да се вратам да играм во Европа, -истакна Лео кој откри дека по завршувањето на приказната со ПСЖ постоела можност одново да заврши на „Камп Ноу“.

-Можев да се вратам во Барселона, но тоа не се случи. Беше слично беше како во 2021 година кога морав да си заминам. Размислував за враќање на Барса, за мојот живот таму, за пензионирање таму како што отсекогаш сакав, но… не беше можно, откри ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни