Поврзете се со нас

Свет

Меси откри што кажал за себе веднаш по неповторливата провокација кон Ван Гал: Каков идиот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/AFASeleccionEN

Лионел Меси пред една години ги доживеа најубавите моменти во својата играчка кариера, бидејќи ја водеше својата репрезентација до историски успех и победа на Светското првенство.

Аргентинскиот капитен беше вистински лидер и двигател во шампионскиот пат на „гаучосите“, но од сите одиграни натпревари на турнирот во Катар, најтензичен беше оној против Холандија во четвртфиналето.

Аргентина прокоцка предност од 2:0 и на крајот се пласираше во следната фаза преку пенал рулетот, но натпреварот беше одбележан и од многу тензични моменти, провокации, како и несекојдневно однесување од Лео.

Меси влезе во клинч со Луи Ван Гал и Ваут Вегхорст, но посебно ќе се памети прославата која му ја посвети на искусниот стручњак по голот за 2:0.

Ван Гал даваше контроверзни изјави за лошата игра на аргентинскиот капитен без топка, а Меси го сфати тоа навистина лично и му одговори веднаш по голот. Дванаесет месеци подоцна, Лео размислува на оваа тема со ладна глава и признава дека веднаш се покајал за својот потег.

– Самошто го направив тоа, автоматски почнав да жалам за потегот. Си реков на себеси: Каков идиот, зошто го направи тоа. Исто така си помислив дека единствено недостасува да ни израмнат после таква прослава, што на крајот и направија, – открива Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни