Меси откри колку време нема зборувано со Бартомеу и ја зачуди јавноста

mesi-ls-topka

Лионел Меси излезе со материјал за неколку насловни страници во ексклузивното интервју кое го направи за угледното каталонско радио „RAC1“, разговор при кој првата ѕвезда на Барселона се огласи за своите тешки денови во клубот, за своите најдобри и најлоши спомени, како и за ред други работи поврзани за неговиот приватен живот.

Аргентинецот искрено призна дека стравувал и од трансфер на Нејмар во Реал Мадрид откако Бразилецот не заврши на „Камп Ноу“, но во разговорот со уредникот на емисијата откри и колку долго нема разговарано со претседателот Хосеп Марија Бартомеу чии потези се доведуваат во прашање во последно време.

– Немам зборувано со Бартомеу од елиминацијата од Ливерпул. Но, тоа не значи ништо. Немам никаков проблем со него. Кога треба да зборуваме, ќе зборуваме, немам никаков проблемо со тоа, – откри Меси кој со својата изјава ја зачуди јавноста на Пиринеите.

Покрај прашањата за професионалните успеси, Меси даде свои одговори и за случувањата во приватниот живот, а од тој дел, посебно се издвојува изјавата која ја даде за специфичниот прекар кој често знае да го добие од јавноста, но и од фудаблските работници.

Лео често знае да биде наречен „Бог“ поради потезите кои ги приредува на фудбалскиот терен, термин кој на самиот Меси воопшто не му се допаѓа во таква конотација.

– Не сум загрижен за таквите натписи, но воопшто не ми се допаѓаат. Знам дека сето тоа се вели без никакви зли намери, но за мене тоа е претерано. Претерано е да се прават такви споредби. Пред се, поради моите деца, кои слушаат и сакаат да повторуваат се што ќе слушнат. Ме викаат Лео Меси, а кога ќе слушнат нешто друго, не звучи убаво, – порачува Аргентинецот.

 

Facebook Коментари