Поврзете се со нас

Свет

Меси откри кој ќе биде последниот клуб во неговата кариера: Стравот е присутен…

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Лионел Меси во текот на овој месец ќе го прослави 37 роденден што секако е уште една потврда дека е во самата завршница на негово активно фудбалско патување, приказна која му донесе статус на еден од најголемите асови на сите времиња.

Тој и понатаму е активен како на клупски така и на репрезентативен план што говори дека е максимално подготвен за предизвиците, но годините се тука е тој е свесен дека не му останува уште многу пред да ги закачи копачките на клин.

Аргентинецот воедно откри дека негов последен клуб ќе биде Интер Мајами.

-Не сум подготвен да го напуштам фудбалот, тоа го правев цел живот, уживам во тренинзите, натпреварите. Стравот дека се ќе биде готово, секогаш е тука. Мислам дека Интер Мајами ќе биде мојот последен клуб, -порачал Лео за „ЕСПН Аргентина“.

Ветеранот има договор со МЛС клубот до 2025 година, ама не е исклучена можноста истиот да го продолжи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни