Поврзете се со нас

Шпанија

Меси откри какви совети добил од Гвардиола пред историските 2:6 на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси е сконцентриран на Копа Америка и предизвиците кои ги носи ова јужноамериканско натпреварување, но на денот кога полни 37 години, беше објавено и последнто интервју кое го направил за „Кланк“.

Аргентинската ѕвезда не можела да избегне прашања за неговото минато во Барселона и најуспешните моменти кои ги доживеа во дресот на каталонскиот гигант, но од соработката со Пеп Гвардиола, посебно до израз доаѓа изјавата која ја даде за историскиот потоп кој го претрпеа „кралевите“ на „Бернабеу“ во 2009-та година.

Барселона го декласираше Реал со 2:6 на негов терен со тактика која дотогаш ретко кој ја применуваше, бидејќи Пеп Гвардиола реши да го игра Леп Меси како „лажна деветка“ која повеќе ќе му помага на средниот ред.

– Не зборувавме за таква тактика во подготовката за „Ел Класико“, но ни најавуваше дека може да испробаме нешто поинакво. Јас дознав дека ќе играм како „лажна деветка“ на еден ден пред мечот. Ние патувавме истиот ден за Мадрид, а претходното попладне добив повик од Пеп. Ме праша што правам дома и побара да дојдам во тренинг центарот.

– Ми покажа неколку видеа и ми покажа како треба да се движам. Ми посочи дека ќе играм како „лажна деветка“ со цел да се избегне цврстината на дефанзивците на Реал. Побара да бидам играч плус во средниот ред, бидејќи искуството му покажало дека во Мадрид потребно е да имате посед на топка. Знаеше дека мораме да бидеме супериорни во срердниот ред и дека треба да ја имаме топката. Ме советуваше да се враќам во средина и да бидам блиску до Бускетс, Чави и Иниеста. Знаеше дека така ќе добиеме простор на крила со Самуел Ето и Анри. Така направивме и Реал изгледаше загубено на теренот. Имавме играч повеќе во средниот ред и тоа беше нешто ново за целиот свет, – порачува Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни