Меси откри како му ставил крај на проблемот со повраќањето: Се хранев нездраво со години…

mesi-usta

Најголемата ѕвезда на шпанскиот гигант Барселона, Лионел Меси во интервјуто за аргентинското ТВ шоу „Ла Корниса“ се отвори и говореше на доста различни теми меѓу кои националниот тим и сонот да се освои мундијалот, но воедно проговори и за проблемите со повраќањето на натпреварите.

Имено Меси многу често во минатото се соочуваше со ова, а тоа го одбележуваа и медиумите. Волшебникот од Розарио долго време го бараше решението за тоа за да на крај се се среди со промена на начинот на исхрана.

-Не знам што јадев, но со години лошо се хранев. На 22, 23 години јадев чоколади, алфахорес (вкусни исполнети јужно-американски бисквити), газирани пијалаци. Сега добро се хранам, риба, месо, зеленчук. Сè, но по ред и се е добро. Понекогаш малку вино, но тоа не е проблем. Забележав голема промена промена кога станува збор за повраќањето. Тие рекоа дека може тоа да биде од многу работи, на крајот јас се променив и повеќе тоа не се случува, -открил Меси.

Facebook Коментари