Шпанија
Меси остана, но со три „отровни стрели“ го „поздрави“ Бартомеу!
Лионел Меси го прекина молкот кој траеше повеќе од 20 дена по болната елиминација која ја претрпе Барселона во Лигата на шампионите, но во дадениот случај главна тема на разговор не беше понижувањето од Баерн Минхен, туку образложението кое го даде за својата иднина.
25-ти август 2020-та година ќе биде запаметен како датумот кога Меси за првпат во својата кариера изрази желба да ја напушти Барселона, но одлуката која ја имаше донесено, на крајот не можеше да ја реализира откако наиде на сериозни опструкции од клубот, или поточно од претседателот Бартомеу.
Пролонгираната сезона поради коронавирусот отиде во прилог на Барса и законски Меси не можеше да ја вклучи отпусната клаузула по крајот на секоја сезона, па иако решен да си замине, Меси вчера во опширно интервју потврди дека на крајот ќе остане на „Камп Ноу“.
Аргентинецот вети дека ќе се залага како и сите години претходно во сезоанта која претстои, но за време на преискреното обраќање кое го имаше за „Гол“, не пропушти да испрати и три директни „отровни стрели“ кон претседателот на Барса.
1. Претседателот секогаш велеше дека јас на крајот на секоја сезона ќе можам да одлучувам дали останувам, или си одам. На крајот не си го одржа зборот и се повикуваше на нешто што не е логично. На крајот ми порача дека сум требал да испратам факс до 10-ти јуни, а ние во тоа време на срање вирус се боревме за титулата во Примера.
2. Има многу лажни луѓе во фудбалот. Овој фудбалски свет е многу тежок и има многу луѓе кои се лажни. Ова што ми се случи, ме натера да сфатам дека има многу лажни луѓе за кои не сметав дека можат да бидат такви.
3. Веќе подолго време во оваа Барселона нема проект и нема ништо. Се пополнуваат само дупки на краткотраен план. Сакав да си одам и да бидам среќен во моите последни години како фудбалер. Оваа последна година не бев среќен во клубот.
-
Свет11 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија23 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија24 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Англија22 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Европски купови11 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Шпанија13 часа
Иниеста ги воодушеви фановите на Барселона со изјавата која ја даде за неосвоената „Златна топка“
-
АТП13 часа
Тиафо го режираше најнекултурниот „поздрав“ со судијата во поновата историја на тенисот (Видео)
-
АТП11 часа
Алкарас режираше „слатка одмазда“ за четвртфинале во Шангај