Меси одби да се поздрави со судијата Мансано по контроверзното судење на „Камп Ноу“ (Видео)

mesi

Екипата на Барселона остана без два планирани бода од вечерашниот меч со Џирона на кој одигра само 2-2. Актуелниот шампион беше огромен фаворит на хартија, меѓутоа одигра само реми во меч во кој 35 минута играше со играч помалку по исклучувавањето на дефанзивецот Клемен Ленгле.

Токму тој момент ќе донесе голема дискусија во Шпанија, дали судијата Хесус Хил Мансано требаше да му додели директен црвен картон иако самиот можеше да ја види снимката преку ВАР технологијата. Во вториот дел исто судијата дозволи гостите во неколку сутуации да минат неказнето, односно воопшто да не досуди прекршоци за играчите на Барселона, па револтираниот Меси по средбата одби да се поздрави со Мансано, а тоа го фатија и телевизиските камери.

Facebook Коментари